Стручен консултант: Д-р. Гордан Поповиќ, специјалист по урологија и сексолог.
Имам чести инфекции на мочниот меур. Како да го користам URO POTENCIJAL?
Доколку инфекциите често се јавуваат , тогаш се советува долготрајна примена на URO POTENCIJAL и тоа три пати дневно по една таблета во тек на најмалку три месеци. Покрај тоа Д-р. Поповиќ советува и задолжителен преглед кај уролог затоа што честите инфекции на мочниот меур може да се последица на одредени уролошки пореметувања кои мора да се отстранат за да се постигне трајно решение.
Дали URO POTENCIJAL може да го користат и жени?
Секако. URO POTENCIJAL е препарат кој се препорачува кај уринарни инфекции и кај мажи и кај жени, без разлика.
Имам зголемена простата и користам PROSTATE POTENCIJAL.
Дали би ми користела примена и на URO POTENCIJAL?
Кај зголемена простата отежнато е празнењето на мочниот меур што доведува до полесен развој на уринарни инфекции. Поради тоа тие се чести придружници на зголемена простата. Од таа причина се советува заедничка примена на URO POTENCIJAL и PROSTATE POTENCIJAL – наутро и навечер по една таблета од двата препарата. Покрај тоа што дејствува антибактериски URO POTENCIJAL има таков состав кој исклучително добро влијае и на простатата, така да неговата примена е многу корисна кај луѓето кои имаат зголемена простата.
Дали е корисно земање на URO POTENCIJAL и во ситуација кога немам никакви потешкотии?
URO POTENCIJAL одлично влијае на празнење и на чистење на бубрегот и целиот мокрачен систем. Покрај тоа допринесува за зголемување на отпорноста на уринарниот тракт и ја намалува можноста од настанување на инфекции. Повремена примена е многу корисна и ако немате било какви потешкотии. Се советува примена на секои шест месеци по три недели, три пати дневно по една таблета.