Потенција и вежбање

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Потенција и вежбање

Има се повеќе научни истражувања кои тоа го потврдуваат,но авторите на овие испитувања ги обединија сите до сега објевени податоци на оваа тема и дојдоа до интересен заклучок.
Инаку се работи за важна тема бидејки еректила дисфункција се јавува кај 8% од мажите на возраст од 20-30 години и дури кај 37% мажи на возраст од 65 години.

Пореметување на потенцијата може значајно да го намали квалитетот на животот, но често се занемарува од страна на лекарите.

Во оваа сеопфатна студија на лекарите од Порто Универзитетот од Португалија кој анализираа резултати од седум научни трудови кои се објавени во последните 12 години. Во испитувањето биле вклучени вкупно 505 мажи на старост од 43 до 69 години кои имале проблем со потенција од минимални до крајно изразени. Тие се намерно поделени во две групи од кои едната вежбала, а другата не.Применувани се аеробни вежби, вежби за мускули на карлично дно или нивна комбинација.

Групата која вежбала имала значително подобрување од групата која не вежбала.

Покрај тоа приметено е дека здравите мажи имале најмногу корист од аеробни вежби додека мажите со кардиоваскуларни болести и мажите со оперирана простата имале корист од двата типа вежби.
Др. Гордан Поповиќ -коментира текст: Според моите податоци, во целост, има одреден степен на подценување на реалната ситуацијана проблемите сопотенција кои сенаведени тука,во сите старосни групи.Поголем е бројот на мажи со некој облик импотенција од споменатите 8-37%.

Друго, овде не се земени во предвид вежбите за снага кои подразбираат краткотрајни интензивни оптеретувања , на повеќе мускулни групи. Тие вежби го зголемуваат нивотот на тестостерон и позитивно влијаат на потенцијата.

Во овие испитувања не ги следеле измените на БМИ (Body Mass Index) што е штета ,бидејќи тука може да се најде едно објаснување на позитивното дејство на вежбањето врз потенцијата: групата која вежбала можела да ја намали количината на масното ткиво што е еден од начините за зголемување на нивото на тестостерон по природен пат што сум го објанснил тука.

Потенција и вежбање

2016-10-24

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Заштита од бременост

trudnoca featured 2016-09-05

Кога ќе се спомне “ заштита” при сексуален однос обично се мисли на кондом кој дава одредена заштита и од несакана бременост и од полово преносливи болести (ППБ).