Српски сексолог открива

СРПСКИ СЕКСОЛОГ ОТКРИВА: ЛЕКУВАВ ЖЕНИ КОИ ИМААТ ПО 300 ОРГАЗМИ ДНЕВНО И ИМ СЕ ПЛАЧЕ

Можноста во еден ден да доживеете и до 300 оргазми, за некои можеби звучи возбудливо, но исповедта на оние кои страдаат од нарушувањето “спонтан оргазам”, сведочат во прилог на тоа дека за нив и не представува задоволство. Имено, овие лица доживуваат оргазми без сексуално надразнување, на јавни места, пред деца, на состаноци, т.е. квалитетот на нивниот живот е доведен во прашање, а често се соочени и со осудување од околината.

СРПСКИ СЕКСОЛОГ ОТКРИВА

Жените со нарушување “спонтан оргазам” страдаат од осудување од околината

“Спонтан оргазам е вид на оргазам кој не е предизвикан од сексуално надразнување, страст и фантазија. Настанува спонтано, без конкретна причина, во ситуации и на места кои не се соодветни за тоа” – кажува Др.Гордан Поповиќ, специјалист по урологија и сексолог во ординацијата Потенцијал.
Феноменот на спонтан оргазам не е доволно испитан ,но, се претпоставува дека се работи за невролошко нарушување, иако имало и случаи спонтаните оргазми да се појават по употреба на некои лекови.

“Се појавуваат кај жени во различен период од животот , од многу млади до оние во менопауза. Нема проверени податоци за тоа дали овој проблем се појавува како последица на незадоволство во актуелниот сексуален живот, како и дали постојат предиспозиции за нешто такво” – додава Поповиќ.
Како причина за недоволните информации за причините и начинот на лекување на оваа појава се наведува податокот дека мноштво жени несакаат да зборуваат за овој проблем и не се обраќаат за помош од лекар.

“Жените често проблемот го поистоветуваат со засилено либидо, т.е. сексуална желба, па им е страв од осуда од околината. Меѓутоа, тоа е нарушување кое настанало како резултат на зголемен прилив на крв во гениталиите. Доведува до непрекинато чувство на напнатост т.е. жената мора да доживее оргазам” – раскажува Поповиќ.
Постојат жени кои тврдат дека доживеале и до 300 оргазми на ден и кои сведочат дека возбудувањето траело и по неколку недели непрекинато.
“Ќе признаете дека тоа е ужасно исцрпувачи! Општествениот и приватниот живот на тие лица станува значително загрозен. Треба да се напомене дека ова нарушување не смее да се поистовети со нимфоманија, бидејќи не е одговорно либидото, туку мозокот испраќа погрешни сигнали на гениталиите. Во таквото присилно задоволување нема апсолутно никакво сексуално задоволство. Најчесто, тие жени стануваат фрустрирани и посрамени, па и со тешки психички нарушувања” – додава Др.Гордан Поповиќ.
Поради премалку забележани случаи и недоволно истражувања, тешко може да се најде адекватен начин на лекување на оваа проблематика.
– Обично таквите пациенти се праќаат кај невролог, се даваат извесни антидепресиви но тој вид на лекување само го ублажува стресот и чувството на непријатност. Симптомите не можат во целост да се отстранат – раскажува Поповиќ.

Во својата долгогодишна лекарска пракса Поповиќ кој е специјалст по урологија и сексолог, имал прилика да се сретне со само неколку вакви случаи.
– Мојот пристап кон оваа проблематика се состоеше во тоа што тие пациентки научија свесно да ги контролораат своите спонтани оргазми и тоа со посебна техника на дишење, контрола на однесувањето и т.н. На тој начин оргазмите не беа така драстично видливи за околината, што им пружи самодоверба, како во општествениот така и во приватниот живот – заклучува Поповиќ.

Потенција и вежбање

2016-10-24

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Заштита од бременост

trudnoca featured 2016-09-05

Кога ќе се спомне “ заштита” при сексуален однос обично се мисли на кондом кој дава одредена заштита и од несакана бременост и од полово преносливи болести (ППБ).