ПРАШАВМЕ СЕКСОЛОГ

Прашавме сексолог зошто мажите не доживуваат оргазам: Дами, помалку сте и Вие виновни!

ПРАШАВМЕ СЕКСОЛОГ

Кога мажот не може да го доживее врвот во креветот, тешко и паѓа и на едната и на другата страна, а ова особено ги збунува младите мажи. Во интервју со Др.Гордан Поповиќ, наш познат уролог и сексолог, дојдовме до следните сознанија за причините за истото:

Се случува во текот на сексот мажот да не може да сврши!

“Неможноста на мажот и покрај квалитетна ерекција да го доживее врвот при сексуалениот однос, е доста честа појава. Сепак овој проблем е нешто поизразен кај постарата популација отколку кај помладите. Доколку млад човек се сретне со оваа проблематика, таа воглаво е резултат на неискуството, бидејќи младиот човек сеуште се запознава себеси и својата сексуалнот, што е тоа што го возбудува, а што не” – вели докторот.

Како најчести причини за оваа појава се наведуваат: претерана мастурбација, претерување со порно филмовите, влијание на одредени лекови, влијание на алкохол, инфекција како и психолошки проблеми. Нашиот соговорник вели дека секоја од причините може да има улога, но, не треба да се потценува ни влијанието на самите жени.

“Најчеста причина поради која младите мажи не успеваат да дојдат до врвот е од психолошка природа, но, не треба да се исклучуваат и останатите кои ги наведовте. Сексуалните односи се сепак многу под влијание на секој од овие фактори. Понекогаш е доволен еден негативен коментар од страна на партнерката, за да го деморализира мажот и тој повеќе да не биде успешен во сексот. На младите луѓе порно индустријата им ги сервира сексуалните обрасци, што, како и колку. И доколку не е во состојба да го имитира порно глумецот, мажот смета дека нешто не е во ред со него. Се се тоа заблуди бидејќи во сексот секој ги диктира своите индивидуални правила” – истакнува познатиот сексолот.

Лошите вести се дека ова може да му се случи на секому и не можете да предвидите кога ќе дојде до тоа. Добрите вести се дека решение сепак постои, а најдобар лек е да најдете партнерка која ќе ве поддржува.

“Значи, совет на мажите е да го слушаат своето тело, своите потреби и во согласност со нив, максимално да уживаат во сексуалниот однос. Не е лошо повремено да се земе и некое средство за квалитетна ерекција и подолг однос (само доколку станува збор за тестирани, растителни препарати). Секако, многу е важна и улогата на партнерката, која може да биде стимулативна ,но, и деструктивна. Доколку дамата ви се потсмева заради техниката, димензијата на половиот орган или непрекинато Ве споредува со бившиот партнер, размислете дали се вредни трудот и времето да се остане во таква врска. Пронајдете си партнерка која ќе Ве стимулира, подржува и со која секој сексуален однос ќе претставува вистинско задоволство” – заклучува Др.Поповиќ.

Потенција и вежбање

2016-10-24

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Заштита од бременост

trudnoca featured 2016-09-05

Кога ќе се спомне “ заштита” при сексуален однос обично се мисли на кондом кој дава одредена заштита и од несакана бременост и од полово преносливи болести (ППБ).