ОПЕРАЦИЈА НА ПРОСТАТА И ПОТЕНЦИЈАТА

Често прашање кое се поставува во нашата ординација е влијанието на заболување на простатата врз потенцијата. Без оглед на причинско-последичните односи кои медицинската наука моментално ги согледува или не, праксата покажала дека проблемите со простатата секако негативно влијаат на сексуалната функција на мажите. Посебно важно прашање е – што се случува со потенцијата после операција на простата.

ОПЕРАЦИЈА НА ПРОСТАТА И ПОТЕНЦИЈАТА

Простатата најчесто се оперира од две причини:

  1. Бенигно зголемување на простата (BHP – Бенигна хиперплазија на простата, Bining Prostatic Hyperplasia or Hypertrophy)
  2. Карцином на простата ( рак на простата, Prostate Cancer)

Операциите кои се применуваат кај овие две заболувања суштински се разликуваат. Тоа за последица има и различно влијание на сексуалната функција на мажите. Операција на рак на простата (Prostatectomia radicalis, Radical Prostatectomy) доведува до потешки и долготрајни оштетувања на сексуалната функција на мажите иако денес се применуваат т.н. “nerve sparing” оперативни техники. Суштината е во тоа што низ самата простата поминуваат нерви кои се битни за ерекцијата, па доколку тие не се оштетат во текот на операцијата поголеми се шансите да се врати потенцијата после операцијата.

Сепак, за да дојде до тоа “враќање” на потенцијата, научните испитувања покажале дека е потребно да се превземат соодветни мерки после, па дури и пред операцијата, а не се да се остави на спонтано закрепнување.

Од тие причини една од битните активности на уролошко-сексуалната ординација ПОТЕНЦИЈАЛ е спроведување на рехабилитација на сексуалната функција на мажите по оперативниот зафат на простатата.
Треба да се има во предвид дека практично сите мажи после радикална простатектомија имаат еректилна дисфункција (импотенција), без оглед на текот на операцијата. Послеоперативно настанува период на намалена или губење на функцијата на нервите одговорни за потенција дури и доколку тие не се оштетени. Тоа доведува до губење на дневните, но и на ноќните ерекции што понатаму доведува до слаба оксигенација на каверонозното ткиво на пенисот и негово секундарно оштетување. Оштетувањето на внатрешното ткиво на пенисот е последица на проапоптотични фактори (како што е намалување на бројот на мазни мускулни влакна) и профибротични фактори (пр.зголемување на количината на колаген во каверонозните тела). Сето тоа, покрај веќе присутните разновидни психолошки механизми, го доведува закрепнувањето на еректилната функција под голем знак на прашалник.

Токму поради тие причини исклучително е важно да се почне навреме со програма за рехабилитација со што значително ќе се зголемат шансите за враќање на потенцијата и ќе се скрати времето на закрепнување на еректилната функција.

‘’treating patiens early postoperatively is of a major importance and may certainly lead to better long-term results in terms of either EF recovery or ED treatment possibilities.”
( …раната посоперативна рехабилитација на пациентите е од големо значење и води кон подобри долгорочни резултати во смисол на опоравување на еректилната функција…)
Се наведува во статијата Prevention and management of Post Prostactetomy Erectile Dysfuntion ( Montorosi et al. Medscape Urology, 2015)
На истото место се наведува и коге треба да се започне рехабилитацијата(… Timing of rehabilitation and treatment isajor clinical matter… Giuliano et al.)
Идеално е програмата на рехабилитација да се почне- уште пред операција. Во аа прилика се даваат важни објаснувања и совети и евентуално започнува одредена подготвителна терапија.

По извршената операција, веднаш по опоравувањето треба да се почне со рехабилитација – нсајдобро после месец, а најмногу после 3 месеци од операцијата. Сепак доколку пациентот од било која причина не ја започнал рехабилитацијата на еректилната функција во вистинско време- шанси за подобрување на сексуалниот живот постојат и години после оперативниот зафат.

Потенција и вежбање

2016-10-24

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Заштита од бременост

trudnoca featured 2016-09-05

Кога ќе се спомне “ заштита” при сексуален однос обично се мисли на кондом кој дава одредена заштита и од несакана бременост и од полово преносливи болести (ППБ).