КОНДИЛОМИ И РАК НА ПЕНИС

КОНДИЛОМИ И РАК НА ПЕНИС – ОБРЕЖУВАЊЕТО ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ!!!

Humana Papilona Virus (HPV) инфекцијата е една од најчестите сексуално преносливи болести и истата предизвикува појава на кондиломи (брадавичести израстоци) обично во пределот на половните органи кај двата пола. Добро е познато дека ХПВ инфекцијата кај жените често доведува до појава на рак на грлото на матката.

Долго време се сметало дека за мажите ХПВ инфекцијата освен естетско нема друго значење. Погрешно!

Приближно 9000 мажи годишно заболуваат од рак кој е поврзан со ХПВ инфекцијата. Истата се смета дека е причинител на 50% од сквамозен рак на пенисот и 91% на анални карциноми (Markowitz,2014). Одредени податоци укажуваат на можна поврзаност помеѓу ХПВ и карцином на хранопровод и бели дробови(Markowitz,2014). Се очекува во следната деценија поврзаноста на ХПВ со карцином на уста и ждрело по зачестеност да го надмине инаку мошне честиот рак на грлото на матката(Chaturvedi et al.2011; Fontenot, Fantasia, Charyk & Sutherland, 2014).

Следните фактори придонесуваат за настанување на ХПВ инфекција:

  • Необрежан пенис
  • Поголем број на сексуални партнери
  • Пушење

Обрежувањето (cirkumcizija) кај мажите го намалува ризикот од настанување на ХПВ инфекција!

Циркумцизијата најчесто се прави кај мажи кои имаат некој облик на фимоза на пенисот.

Повеќе информации погледајте овде!

Потенција и вежбање

2016-10-24

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Заштита од бременост

trudnoca featured 2016-09-05

Кога ќе се спомне “ заштита” при сексуален однос обично се мисли на кондом кој дава одредена заштита и од несакана бременост и од полово преносливи болести (ППБ).