Илјада повреди на пенисот

Патентот е одговорен за настанување на две илјади повреди на пенисот во САД секоја година – соопштува AUA (American Urological Association)!

Илјада повреди на пенисот

Тој феномен дури доби и посебно име – акроним ZIRPI (Zip-Related-Penile-Injury). Меѓутоа не се работи за нова појава. ZIRPI за прв пат се спомнува во научните трудови од 1936 година.
Интересно е што многу помал ризик од оваа повреда имаат пациенти кај кои што е направена циркумцизија т.е. отстранување на кожичката (prepucijum) – било од здравствени (fimoza) или од верски причини.

Иако денес се вообичаени и широко распространети, на патентите им било потребно доста време за да влезат во употреба. Пред околу 100 години инженерот Гидеон Сандбек патентирал производ во врска со подобрувањето на дотогашниот механизам – копче, кој бил доста несигурен. Неговиот пронајдок се смета за првиот патент, но, останал незабележан се додека фирмата BF Goodrich не започнала да го применува на својот нов производ – гумени каљачи во 1923 година. Тогаш пронајдокот го добил името врз основа на звукот што се слуша при негово користење – Zipper.

Состојбата значително се менува во средината на 1930-тите кога одредени членови на британското кралство почнуваат да носат панталони со патент.

Тоа било доволен сигнал модната индустрија да го лансира патентот како нов моден хит – но и причина повеќе за настанување на повеќе илјади повреди на пенисот годишно ширум светот!

Потенција и вежбање

2016-10-24

Reuters Health: Според најновите сознанија мажите кој имаат проблем со ерекција можат да имаат корист од вежбање и физички активности.

Заштита од бременост

trudnoca featured 2016-09-05

Кога ќе се спомне “ заштита” при сексуален однос обично се мисли на кондом кој дава одредена заштита и од несакана бременост и од полово преносливи болести (ППБ).